поволност | ж.

Својство на тоа што е поволно. Брзаше да ја искористи поволноста на ветрот. Има повеќе поволности за кредитирање на земјоделството.

поворка | ж.

Организирано движење на многу луѓе во редови едни по други; процесија, колона. Свечена поворка. Погребна поворка.

повој | м.

(арх.) Платнена лента со која се престегнуваат пелените на бебе.

повојница | ж.

Подарок што се носи за новороденче. Дојдоа со повојница.

повојче | ср.

Дем. од повој 2. пеленаче.

поврага | прил.

За пренебрегнување. Нека оди поврага. Отиде поврага.

повража | св.

Вража малку, кратко време;

поврат | м.

Враќање на тоа што е земено. Поврат на пари. Добиле помош без поврат.

повраталка | ж.

Дел од разбојот со кој се враќа вратилото.