повратен | прид.

Што се враќа, што може да се врати; што треба да се врати. Повратна сила. Повратно дејство. Повратна информација. Повратни парични средства.

поврати 1 | св.

Врати некого назад, натера да се врати. Само што излезе, таа го поврати. Носталгијата нè поврати во крајот наш роден.

поврати 2 | св.

Исфрли низ уста храна од желудникот; изблуе. Болниот пак повратил. Му се слоши, за малку ќе повратеше.

повратник | м.

Лице што се вратило по подолго време од туѓа земја во својата.

повраќа 2 | несв.

поврви | св.

Врви кратко време. Не поврвеа долго, и свртеа на една широчинка.

поврволка се | св.

Помине некое време во врволкање.