поврие | св.
Остане да врие уште некое време.
поврне | св.
Падне малку дожд, снег, град.
поврска | ж.
Врвци за врзување чорапи под колената.
поврти | св.
Врти малку, кратко време.
повртка | св.
Позанимава, позадржи некого кратко време. Поврткај ги децава, веднаш ќе се вратам.
површен | прид.
Што се ограничува само на тоа што најлесно се гледа, што не навлегува во суштината; ограничен. Површна критика. Површна анализа. Површен впечаток.
површи | св.
Помине некое време во вршење жито.
површина | ж.
Горната, надворешната страна на нешто (вода, земја, предмет итн.). Нечиста површина. Мазна површина. Плива по површината на водата.
површински | прид.
Што припаѓа, што е, што се однесува на површината. Површински слој. Површински коп.
повта | ж.
Желба, апетит, обид;