повреви | св.

Вреви малку, кратко време.

повреда | ж.

Повредено место на телото, рана од удар и сл. При падот, поминал со мали повреди. Тешка телесна повреда.

повреди | св.

Нанесе некому телесна повреда. Замавнал со рака и му го повредил окото.

повреме | прил.

Во составот: со повреме ‒ порано, додека е време. Се прибрале дома со повреме.

повремен | прид.

Што се јавува, што се случува одвреме-навреме. Имал повремени болки во градите. Повремено наоблачување.

повреска | св.

Вреска малку, кратко време.

поврзало | ср.

Врвца за торба, вреќа; јаже на огламник.

поврзаност | ж.

Својство, состојба на тоа што е поврзано; меѓусебна тесна врска. Меѓусебна поврзаност. Трајна поврзаност. Поврзаност со духот на времето. Цврста поврзаност. Емотивна поврзаност. Роднинска поврзаност.

поврзе | св.

Врзе, спои, соедини едно со друго (со врзување, спојување, вклучување и сл.). Кога ги поврза жиците, светилките светнаа.

поврзло | ср.

Врвца на торба; рачка на котел и сл.;