повте | св.
Посака, почувствува желба. Силно му ја стегна раката, повте да го прегрне, но се воздржа. Повте нешто да им каже, да ги утеши.
повтеж | м.
Дејство, обид нешто да се направи. Уште при првиот повтеж успеа.
повтор | прил.
Повторно, одново, пак. Повтор се обидов. Повтор фрлија ждрепка.
повторен | прид.
Што станува, што се случува вторпат, пак, одново. Повторен преглед. Повторно гласање. Повторни избори.
повтори | св.
Направи нешто (кажано, извршено итн.) исто по втор пат или повеќепати. Го повтори прашањето. Ја повтори лекцијата. Повтори постапка. Повтори успех. Повтори грешка.
повторка | ж.
Трева што се коси повторно во истата година.
повторлив | прид.
Што се повторува, што може да се повтори. Успехот е повторлив ако се работи добро.
повторувач | м.
Ученик што го повторува класот.
повјаса | св.
погази | св.
Гази малку, кратко време. За да излезете на патот, ќе погазите малку по калта.