погали | св.

гали_1

поган 1 | м.

Тоа што предизвикува гадење, одвратност. (обично за лазачи). Не оди таму да не нагазиш на поган.

поган | прид.

а) Злобен, пакосен; одвратен. Го познаваа како многу поган човек. Погана душа. б) Многу лош. Погано куче. Погано време. Погана зима.

поганец | м.

Поган човек, злобник. За тој поганец нејќам ни да чујам.

погани | несв.

Прави нешто да биде нечисто; валка, загадува. Ги избрка кучињата да не го поганат дворот.

поганија | ж.

Поган човек. Оди, поганијо една, ти ли ќе ме учиш мене.

поганштина | ж.

Особина на тој што е поган, својство на тоа што е погано; подлост, гадост.