поганштија | ж.

Погани луѓе.

погата | св.

Гата малку, кратко време.

погача | ж.

Пченичен леб од тесто без квасец, печен во тепсија. Бела погача. Топла погача.

погачар | м.

Тој што многу сака да јаде погача.

погачест | прид.

Што има облик на погача; тркалезен. Погачест плод. Погачест корен.

погачица | ж.

Вид баничка; погачка.

погачка | ж.

Дем од погача.

погаѓа | несв.

погаѓач | м.

Тој што погаѓа, што може да погоди (во цел); тој што може да одгатне. Тој е добар погаѓач. Погаѓач на карти. Погаѓач на судбината.

погерманчи | св.

Направи некој да стане Германец.