погиба | св.

Гиба малку, кратко време.

погибел 1 | ж.

Неприродна смрт; Ја оплакува погибелта на своите најблиски.

погибел 2 | м.

Последната четвртина на Месечината.

погине | св.

Изгуби живот со насилна смрт (во војна, несреќа, невреме и сл.); загине. Во авионската несреќа погинале сите.

поглавар | м.

главатар.

поглавје | ср.

глава_6

погладува | св.

Помине некое време во гладување. Погладуваа малку, ама сега се добри, се накренаа.

поглед | м.

Насоченост на очите кон некого, кон нешто. Го следи со поглед. Впери поглед. Крене поглед. Задржи поглед.

погледа | св.

Гледа малку, кратко време; гледа 2. Причува, се погрижи за некого или за нешто некое време; гледа 7. Ги погледа децата додека им се вратија родителите од пат.