погледне | св.

Насочи за миг поглед кон некого, кон нешто. Го погледна право в лице. Погледна во него и се засрами. Погледна во облаците и подзамижа.

поглода | св.

Глода малку, кратко време.

погмечи | св.

Гмечи малку, кратко време;

погне | св.

Спобрка некого, нешто. Го погнале да го фатат.

погнете | св.

Гнете малку, кратко време; гнете 2. (разг.) Лакомо, брзо изеде; гнете 2.

поговор | м.

Текст со завршни зборови, белешки на крајот од книга.

поговори | св.

Поразговара, позборува.

поговорка | ж.

Општопозната куса, често синтаксички неоформена, изрека со преносно значење, која се искажува како израз на народната мудрост. Од ат на магаре. Ни лук јал, ни лук мирисал. Сит на гладен не верува.

погодба | ж.

Спогодба, договор. Без погодба нема да ни оди работата. Се собрале на сред село да прават погодба кого да земат за овчар.