подаде | св.

Даде од рака в рака некому нешто. Подај ми го чадорот. Да ви ја подадам стомната, вода да не ви притреба.

подалеку | прил.

Не толку блиску, на поголемо растојание. ...сум одел и подалеку од Лесново. „Јас би му рекол ‒ подалеку од неа!“

поданик | м.

(арх.) Лице што има поданство на дадена државаа; државјанин.

поданички | прид.

Што припаѓа, што се однесува на поданик. Поданичка послушност. Поданички однос.

поданство | ср.

(арх.) Припадност на граѓанинот кон дадена држава; државјанство.

подапне | св.

Покасне малку; апне.

подари | св.

Даде некому подарок; дарува. Подари му книга за роденденот.

подарок | м.

Предмет или друга вредност што се дава некому без надомест; дар. Роденденски подарок. Новогодишен подарок. Свадбени подароци.

подаскалува | св.

Поработи некое време како даскал;