подгорчи | св.
Почне да горчи малку, во слаба мера.
подгорјанин | м.
Жител на подгорје.
подгорје | ср.
Област во подножјето на гора, планина. Селото се наоѓа во подгорјето на Пирин.
подготвен | прид.
Што е целосно направен, завршен, приготвен; готов. Подготвената книга ја предадовме во печатницата за печатење. Подготвениот ручек за утре го ставив во фрижидерот.
подготви | св.
Направи, приготви однапред за постигање на некоја цел, намена. Владата подготви неколку мошне важни закони од сферата на економијата. Механичарите го подготвија авионот за лет. Земјоделците ја подготвија земјата за есенска сеидба. Тој подготви појадок за себе и за сестра си.
подготвителен | прид.
Што се однесува на подготовка; што служи како подготовка за нешто. Подготвителниот период не трае многу долго. Подготвителна група. Подготвителната работа опфаќа неколку активности. Подготвителен испит.
подготвувач | м.
Тој што подготвува нешто. Подготвувачот на училишната приредба им се заблагодари на учесниците.
подготовка | ж.
Работа со која се овозможува извршувањето на нешто. Подготовките за конгресот се во тек. Подготовките за свадбата се при крај.
Подградец | м.
Град во Албанија.
подгради | св.