подејствува | св.
Изврши дејство; покаже влијание. Нека подејствува малку лекот, па ќе видиме за понатаму.
подждригне | св.
поджолтнат | прид.
Што станал жолт само малку, донекаде.
поджолтне | св.
За растение ‒ добие жолтеникава боја, стане жолтеникав. Лисјата на пиперот поджолтнале.
поджугне | св.
За растенија ‒ никне, потера малку над земјата. Расадот поджугнал, ќе го биде.
подза- | претс.
Сложен префикс со значење ‒ извршеност на дејството на првично префиксираниот глагол (забрза) делумно, донекаде, во мала, во некоја мера: подзабрза, подзаборави, подзаврзе, подзагрози (некого), подзадржи, подзајакне, подзакопа, подзалепи, подзамати, подзапрета, подзасади, се подзатрча, подзачува, подзашие и др.
подзабави | св.
Забави некоја работа, движење и сл. Старицата го подзабави чекорот на угорницата.
подзаблажи | св.
Направи нешто да биде слатко во ограничена мера. Подзаблажи го кафето, немој да горчи.
подзаболи | св.
Заболи малку, во одредена мера, кратко време; Сношти ме подзаболи забот.
подзаборавен | прид.
Глаголска придавка од подзаборави.