подзаборави | св.
Заборави малку, донекаде, во некоја мера. Тој подзаборави за момент на проблемите. За кратко подзаборави на болките од претепаната снага.
подзабрза | св.
Забрза некого малку, донекаде, повеќе од претходно. Ги подзабрза децата побрго да нижат. Ги подзабрза чекорите да стигне пред мракот.
подзабричи | св.
Избричи на брзина, како било. Берберот го подзабричи надвенатри.
подзабрише | св.
Забрише малку, згора-згора, донекаде, не темелно. Ги подзабриша чиниите и ги остави да се досушат.
подзаварди | св.
Заварди, зачува донекаде, за кратко време.
подзавитка | св.
Завитка малку, донекаде, некако, како било. Го подзавитка подарокот во една истуткана хартија.
подзавлекува | несв.
Тешко, отежнато се движи, криви; завлече 3. Тој подзавлекува со ногата.
подзавлече | св.
Завлече малку, во одредена мера; завлече Подзавлечете го килимот накај ѕидот.
подзавлечка | св.
Со влечење малку завлечка, во извесна мера, донекаде. Го подзавлечка ранетиот настрана.
подзаврати | св.
Заврати малку, ракави, ногавици и сл.;