подзаврне | св.

За дожд, снег и сл. ‒ врне слабо, малку. Дождот подзаврнал пред тоа и во воздухот се чувствуваше свежина.

подзаврти | св.

Заврти малку, во ограничена мера. Ја подзаврти главата во знак на негодување.

подзагаси | св.

Загаси малку, слабо, само до некаде, намали интензитет на горење; подизгаси. Огинот подзагасил, тури му некое дрвце.

подзагатне | и.

Загатне малку, во мала мера. Соседот подзагатна нешто за новите случувања во улицата, ама не рече ништо одредено.

подзагледа | св.

Загледа малку, донекаде со нагласен интерес;

подзагори | св.

За јадење и сл. ‒ загори малку; загори 2. Гравот како да подзагорел, мириса цела куќа.

подзагреан | прид.

Што е загреан, донекаде малку, за храна и сл.

подзагрее | св.

Загрее малку, донекаде. Подзагреј ја водата да биде млака.