подзагрижи | св.

Загрижи некого со нешто, со некоја постапка малку, донекаде. Кога го видов, ме подзагрижи неговиот изглед.

подзагубен | прид.

Што е донекаде изгубен, пропаднат. Тој е речиси подзагубен човек.

подзагуби | св.

Загуби нешто малку, донекаде. Како да го подзагуби умот.

подзадоцни | св.

Задоцни малку, кратко време. Тој малку ќе подзадоцни, ама ќе дојде.

подзакачи | св.

Закачи малку, само донекаде; закачи 3. Капината го подзакачи малку, го гребна по раката.

подзакашла се | св.

Се закашла малку, во некоја мера. Стариот се подзакашла од тутунот.

подзакрепи | св.

Закрепи, потпре малку; закрепи Го подзакрепи стариот да се качи по скалите.

подзакрепне | св.

Закрепне, стане појак од порано. По операцијата момчето подзакрепна малку.

подзакрпи | св.

Закрпи малку, во некоја мера нешто скинато, дупнато и сл., донекаде, како било; закрпи 1., 2. и 4. Ги подзакрпија улиците. Ја подзакрпи вреќата надве натри.

подзалади | св.

(само во 3 л.) За време ‒ залади малку, донекаде. Времето подзалади.