подзгазне | св.

Згазне малку, донекаде. Еден од гостите ѝ го подзгазна фустанот на невестата што се влечеше по земја.

подзглавје | ж.

Перница, тоа на што се става главата кога се лежи

подздивне | св.

Здивне, се издиши малку, земе здив.

подздолниште | ср.

Здолниште што се носи под горното здолниште. Сега се носат еднобојни здолништа и контрастни подздолништа.

подземе | св.

Прифати нешто подадено, понудено; земе Ги подзеде подадените торби.

подземен | прид.

Што е под површината на земјата. Подземни води.

подземи | прил.

Под површината на земјата. Водата тече подземи. Поминал три саата под урнатините, подземи.

подземница | ж.

Просторија или куќа што се наоѓа подземи.