подземје | ср.
Просторија што е под површината на земјата. Во подземјето на џамијата се гаси жарта во мангалите.
подзинат | прид.
Што е со полуотворена уста. Подзината уста.
подзине | св.
Зине малку, само донекаде, отвори уста малку, донекаде. Подзина да каже нешто.
подивее | св.
подивен | прид.
Што подивел, што станал див. Подивени кози. Подивена река. Подивени страсти.
подиви | св.
Стане див или како див. Момчето подиве во таа пуста пустелија. Животните во кафезите подивеа кога го сетија мирисот на месото што им го носеше чуварот.
подига | несв.
подигне | св.
а) Дигне, крене на мала височина. Тој ја подигна торбата и сети дека е многу тешка. Го подигнал златниот пехар и одлеал од виното во чест на боговите. б) Поткрене, истави тоа што е со нешто поклопено, покриено. Ја подигна тешката плоча под која лежеше телото на загинатиот. Младоженецот ѝ го подигна велот на невестата и ја бакна.
подигра | св.
Разигра коњ малку, донекаде. Го подигра коњот пред да тргне на непријателската војска.
подигра се | св.