подзатопли | св.
Затопли малку, не сосема. Подзатопли ја собата, студи.
подзатресе | св.
Затресе, протресе малку, донекаде. Го подзатресе ќебето набрзина и го остави на сонце да се ветрее.
подзатскрие | св.
Затскрие малку, само донекаде; Го подзатскри подарокот во плакарот да не го видат веднаш децата. Облаците го подзатскрија сонцето само за миг. Тој се подзатскри додека помине потерата.
подзачести | св.
Зачести малку, повеќе од порано. Тој подзачести со посетите, има нешто тука.
подзачешла | св.
Зачешла некого малку; Мајката го подзачешла девојчето пред да го пушти на улица.
подзачисти | св.
Зачисти малку, донекаде, нецелосно. Подзачисти набрзина и излезе на улица.
подзачуден | прид.
Што е малку зачуден, не многу.
подзачуди | св.
Зачуди некого малку, донекаде. Ме подзачуди неговиот изглед.
подзајаде се | св.
Започне да се кине дел по дел, малку по малку. Тука јажето како да се подзајало.
подзбере | св.
Донекаде збере, собере нешто расфрлано. Ги подзбра алиштата на куп и ги пикна во плакарот.