подидува | несв.

Доаѓа повремено, понекогаш. Тој подидува во дуќанот кога има време.

подиз- | претс.

Сложен префикс (под- и из-/ис-) со значење вршење на дејството во мала мера, донекаде (подизбистри, подизведри, подизвлече, подиздлаби, подизлади и др.).

подизбистри се | св.

Се избистри малку, донекаде. Кладенецот се подизбистри.

подизведри | св.

Изведри малку, донекаде. Ветерот го подизведри небото, ама сепак изгледа ќе врне.

подизвлече | св.

Извлече, извади малку, донекаде некого или нешто од некаде. Едвај го подизвлекоа од под урнатините, колку да го одржат во живот.

подизвлечка | св.

Извлечка малку, донекаде нешто од некаде, со мака, со труд. Го подизвлечка некако безживотното тело од запалената куќа.