подизгледа | св.
Изгледа, одмери малку со поглед;
подиздлабен | прид.
Што е издлабен малку, донекаде. Подиздлабениот камен беше како корито.
подиздлаби | св.
Издлаби малку, донекаде. Подиздлаби ја копанката уште малку, плитка е.
подизитри се | св.
Се изитри малку, донекаде. Со време таа се подизитри.
подизлади | св.
Излади малку, донекаде. Го подизладија пивото во реката.
подизлезе | св.
Излезе малку, донекаде. Стариот подизлезе од куќата, прошета малку по дворот.
подизлиже | св.
Излиже малку, само донекаде. Децата речиси го подизлижале мармаладот од чинивчето на масата.
подизлитен | прид.
Што е излитен малку. Подизлитено палто висеше на закачалката во ходникот.
подизлити се | св.
Се излити малку, во некоја мера. Палтото се подизлитило, ќе треба ново да се купува.
подизмазни | св.
Измазни малку, донекаде. Ја подизмазни косата и задоволно се поднасмеа.