подистуткан | прид.

Што е малку истуткан. Подистуткани чаршафи.

подисуши | св.

Исуши малку, набрзина или само донекаде. Подисуши ги алиштата на печката.

подисцеди | св.

Исцеди малку, донекаде. Бојаџијата ја подисцеди волната и ја остави да се суши.

подисчисти | св.

Исчисти малку, набрзина или недоволно, донекаде. Подисчистивме малку, колку што можеше да се исчисти во овој момент.

подиум | м.

Издигнат дел од под, издигнато место во сала од кое се говори или се настапува во некаква сценска изведба. Оркестар поставен на мал подиум во дното на салата. Артистите застанаа на подиумот и се поклонија пред публиката.

подише | св.

Дише малку, кратко време во определни услови. Излезе на балконот да подише свеж воздух

подлаже | св.

Лаже малку, има навика да лаже по малку. Тој ќе подлаже овде-онде.

подлактен | прид.

Што се наоѓа меѓу лактот и дланката на раката. Подлактни коски.

подлактен | прид.

Глаголска придавка од подлакти.