подмитлив | прид.
Што лесно се подмитува. Подмитливи судии. Подмитливи службеници.
подмладен | прид.
Што изгледа помлад од порано. Подмладениот изглед на жената сите ги изненади.
подмлади | св.
Направи некој или нешто да добие помлад изглед. Фризерката ме подмлади со новата фризура.
подмладок | м.
Младо, ново поколение. На турнирот настапи подмладокот на екипата. Научен подмладок.
подмлаткар | м.
Млад активист на некоја организација. Подмлаткари на Црвениот крст.
подмлачи | св.
Смлачи, стопли малку, донекаде. Го подмлачи јадењето.
подмол | м.
Ископано место од вода, подјадено под некоја карпа, дрво или друг тврд материјал.
подмолен | прид.
Што е подјаден, ископан од вода под карпа, дрво и сл. Подмолно место. Подмолен вир.
подмолиште | ср.
подмолник | м.
Лице што мисли и дејствува подмолно.