подморница | ж.

Боен брод што плови под морската површина. Атомска подморница.

подморски | прид.

Што е под површината на морето. Подморски гребен. Подморско чудовиште.

подмоча | св.

Измоча малку. Ги подмоча гаќите.

подмрдне | св.

помрдне.

подмрежица | ж.

Мала, ситна птица со жолти пердуви под гушата, сипка; Parus minor.

подмрзнат | прид.

Што подмрзнал малку, донекаде. Подмрзнат снег.

подмрзне | св.

Смрзне, замрзне малку, во некоја мера или само на површината. Како што е влажно, ако подмрзне тешко ќе се оди по патот. Спрострените алишта подмрзнале на ветрот. Снегот подмрзнал.

поднабере | св.

Набере мало количество овошје, плодови, цвеќе и сл.; бере, набере. Поднабравме малку сливи, колку да се залажат децата.

поднаближи | св.

Намали растојание донекаде, се приближи малку. Поднаближивме до градот кога почна да врне.