подникне | св.
За растение ‒ никне само малку. Пченицата подникнала. Компирот подникнал.
подница | ж.
Земјен сад во кој се пече леб со вршник; црепна. Леб печен во подница.
подничар | м.
Лице што изработува или што продава подници.
подничарка | ж.
Крпа со која се брише подницата.
поднови | св.
Обнови облека, мебел и сл. За Велигден ги подновивме децата со нова облека. Таа го поднови станот оваа есен со нови завеси.
подножје | ср.
Долен дел на некое возвишение, рид, планина. Во подножјето на планината има едно убаво селце.
подноктица | ж.
Болка од премрзнување на врвовите на прстите.
подносител | м.
поднослив | прид.
Што може да се поднесе. Животот ќе му беше поподнослив ако беше со своите, дома.
подношка | ж.
(обично во мн.) Дел од разбојот на кој се гази за да се менуваат ништелките. Ткајачката удира со брдилата на нишките, ги нагазува подношките, ткае.