подоцна | прил.
Компаратив од доцна. Секогаш си доаѓа дома подоцна од мене. Оваа пролет ластовичките подоцна дојдоа.
подоцнежен | прид.
Што е, што се случува, што доаѓа подоцна од тоа што претходело. Подоцнежните генерации тоа не можеле да го разберат. За подоцнежните месеци ќе раскажеме другпат. Подоцнежниот развој на настаните покажа дека сме биле во право.
подочен | прид.
Што е под окото. Подочна коска. Подочни сенки.
подочници | и.
Дел од лицето под очите.
подојница | ж.
Овца, крава што останува без својот пород и дои друго јагне, теле.
подпазувен | прид.
Што се наоѓа под пазувата. Подпазувни жлезди.
подработи | св.
Работи малку или кратко време; поработи. Подработи едно лето во дуќанот, па се откажа.
подражава | несв.
Прави нешто како што го прави тоа некој друг, имитира некого или нешто. Девојчето ја подражава вујна си во начинот на одењето. Тој се обидуваше да ги подражава птиците потсвиркувајќи им со уста.
подражавач | м.
Тој што подражава, што имитира некого или нешто; имитатор.
подражавачки | прид.
Што подражава, што има својство на подражавање. Подражавачка поезија. Подражавачки извици.