подјаде | св.
Нагризе одоздола малку, во некоја мера. Глувци ги подјале вреќите со брашно. Црв го подјал коренот на цвеќето.
подјазичен | прид.
Што се наоѓа под јазикот. Подјазична жлезда.
подјармен | прид.
За животно ‒ што има јарем на вратот.
подјарми | св.
Стави јарем на животно, обично на говедо.
подјармувач | м.
Тој што подјармува, што поробува.
поевреи | св.
Направи некого Евреин. Тој го поевреи семејството.
поеврејчи | св.
поевтинее | св.
поевтини | св.
Направи да стане нешто евтино, поевтино. Наесен продавачите ќе ја поевтинат стоката.
поединец | м.
Одделна личност, индивидуа, единка. Ова важи за секој поединец. Добронамерен поединец. Поединци не мислат така.