подума | св.

Дума малку, кратко време, се замисли. Подума малку и се сети што треба да прави.

подумка | св.

Думка, тропа по нешто кратко време. Подумкале децата со топката додека не ги избркале од дворот.

подуплаши | св.

Уплаши некого малку, во некоја мера. Го подуплашија џандарите дека ќе го затворат, па кажа сè.

подурди | св.

Направи урда. Го подурди целото млеко.

подучи | св.

Обучи некого нешто малку, во некоја мера. Тој го подучи брата си како да постапи во таа ситуација. Мајката ја подучи ќерка си што да прави кога ќе дојде во куќата на момчето.

подуши | св.

Со мирисање испита, открие нешто. Кучето го подуши човекот и го позна иако изминаа толку години.

подушка | св.

Душка некое време; души2

подѕида | св.

Поткрепи со ѕид, ѕида од долната страна. Тој го подѕида горниот крај од дворот за да не се одронува земјата. Бреговите на реката ги подѕидавме со камен да не ги носи водата.

подѕидок | м.

Низок ѕид што служи за потпора на нешто. Направиле ниски подѕидоци за да не се урива земјата.

подѕирне | св.

Ѕирне малку некого, за кратко време. Го подѕирна детето од врата, само колку да види што прави.