поединечен | прид.

Единечен, единичен, одделен, земен одделно. Поединечни борби. Поединечен случај.

поедностави | св.

Направи да стане поедноставен, поупростен. Тие го поедноставија системот за наводнување. Комисијата ја поедностави процедурата.

поезија | ж.

Уметничко, литературно творештво во стихови. Тој пишува поезија и проза. Љубовна поезија.

поема | ж.

Подолга литературна творба во стихови, со лирско-епски карактер. Поемата „Сердарот“ се вбројува во врвните дела во поетската уметност.

поен 1 | м.

Единица со која се определува успехот во спортот, образованието, при испитување знаење, при рангирање, при определување позиции и сл.; Тие освоија најмногу поени. Максимумот е 100 поени. Нашата претставничка доби 2 поена.

поен 2 | прид.

За птица‒ што пее убаво. Појна птица. Појна птица ум ти зела.

поента | ж.

Главна мисла, цел на исказот. Тематско-содржинска поента. Поентата на неговиот исказ е јасна. Овде нема поента, има само неповрзано искажување.

поентер 1 | м.

Вид ловечко куче, англиски птичар.

поентер 2 | м.

Што постигнува поени, што е успешен во остварувањето на некаква цел. Само тој поентира од сето ова.