позадлаби | св.
Задлаби негде со длабење малку повеќе. Тој позадлаби посилно со дупчалката.
позадлабочи | св.
Задлабочи малку повеќе;
позадржи | св.
Задржи, подржи нешто малку, кратко време. Таа го позадржа за да не падне. Позадржи го малку и ти детево.
позадутре | прил.
Ден по задутре, два дена по утрешниот ден. Тој ќе дојде не утре, туку позадутре.
позадутрешен | прид.
Што се случува, се однесува на позадутре. Позадутрешен настан. Позадутрешна средба.
позаздравее | св.
позаздрави | св.
Стане поздрав, поцврст, поврати здравје. За неколку дена децата позаздравија, им се вратија насмевките.
позакопа | св.
Закопа нешто (во земја) малку повеќе. Таа ги позакопа алиштата во една дупка.
позаментерија | ж.
Изработка на тантели, гајтани, украсни ленти, копчиња и сл. Сега позаментеријата е осовременета и сè се работи машински.
позанимава | св.
Занимава некого малку, кратко време; Таа ги позанимава децата неколку часа. Тој ја позанимава неа, гледајќи ѝ на кафе.