позапознае | св.
Запознае некого или нешто малку подобро, малку повеќе; запознае 1, 2 и 3. Таа ги позапозна присутните со последните настани во градот.
позарамни | св.
Направи да стане зарамнето, зарамни нешто малку или уште малку подобро, повеќе; Таа со раката го позарамни здолништето. Ја позарамни косата. Го позарамни платното на масата.
позасили | св.
Засили нешто малку повеќе; Ветрот позасили и туркаше цели гранки. Борбите позасилија. Клубот ја позасили одбраната со неколку нови играчи.
позасолне | св.
Засолне нешто малку повеќе, подобро; Таа ги позасолни парите. Тој го позасолни лицето. Чадорот ме позасолни.
позасрами | св.
Засрами некого малку повеќе, во поголем степен; срами. Тој ги позасрами родителите.
позатаи | св.
Затаи нешто во некоја мера; затаи. Тој ги позатаи своите планови за излетот.
позатвори | св.
Затвори малку повеќе, подобро нешто. Таа го позатвори прозорецот.
позатврди | св.
Затврди нешто во поголем степен. Тој ги позатврди сопствените позиции.
позатопли | св.
Затопли, стопли, загрее во поголем степен. Таа ја позатопли собата. Го позатопли чајот.
позатресе | св.
Затресе во поголем степен, посилно. Детето ја позатресе крушата и сите круши паднаа долу. Тој ја позатресе за да се смири. Го позатресе шишенцето со сируп.