позатрупа | св.
Затрупа малку, донекаде или уште малку. Тој ги позатрупа дупките набрзина.
позатрча (се) | св.
Се затрча повеќе, уште повеќе. Тој се позатрча со сета своја сила. Тие се позатрчаа за да го стигнат автобусот.
позацврсти | св.
Зацврсти, засили нешто малку повеќе. Тој ги позацврсти гредите.
позацрни | св.
Направи да стане нешто црно, поцрно. Чадот го позацрни небото.
позачести | св.
Прави нешто многу почесто, зачести. Тие позачестија да одат по кафеани. Тој позачести со своите посети.
позачисти | св.
Зачисти, исчисти набрзина, среди нешто донекаде. Таа ја позачисти куќата кога се најавија гости.
позачува | св.
Зачува нешто малку и во покус временски период. Тие позачуваа малку од тортата за ненадејни гости.
позајакне | св.
Зајакне, засили, зацврсти во поголем степен;
позајми | св.
позбере | св.
а) Збере, собере донекаде нешто расфрлано. Девојчињата ги позбраа алиштата од собата. Веднаш по ручекот таа ќе ги позбере ронките од масата. б) Збере, насобере во некоја мера материјални средства. Јас позбрав малку пари за да им помогнам. Одвај позбраа пари за да го платат лекувањето.