позбира | несв.
позближи | св.
Направи нешто да биде во понепосредна близина; приближи, зближи. Ги позближија масите една до друга.
позбогати | св.
Се збогати во поголема мера, уште повеќе;
позборува | несв.
Зборува малку, кратко време. Тој позборува за некои историски настани.
позголеми | св.
Направи да стане нешто зголемено. Газдата ја позголеми платата.
поздебели | св.
Здебели некого или нешто уште повеќе. Силната храна го поздебели.
поздрав | м.
Зборови и вообичаено движење, гест (со рака, глава, тело) при средба или разделба како израз на пријателство, почит или формална пристојност. Проштален поздрав. Поздрав за добредојде. Примете поздрави. Срдечни и пријателски поздрави. Тоа беше пријателски поздрав со цврсто стегање рака.
поздравен | прид.
Што содржи поздрав, со кој се искажува поздрав. Поздравно писмо. Поздравен говор. Поздравна беседа.
поздрави | св.
Искаже, изрази, упати поздрав. Публиката го поздрави говорникот. Претседателот го поздрави собирот. Поздрави ги сите од мене! Поздрави ја сестра ти!
позеленее | св.
Стане зелено, добие зелена боја, ја менува бојата во зелено. Најубаво е кога ќе позеленеат полињата и ливадите. Веќе позеленееја бадемите, а уште е зима.