позитив | м.
Фотографска слика копирана од негатив. Позитивите ќе ги направиме за неколку часа.
позитивен | прид.
Потврден, што искажува одобрување, согласност. Позитивен одговор. Позитивна рецензија. Позитивна критика. Позитивно мислење.
позитивизам | м.
Филозофски правец што го признава за корисно единствено егзактното истражување и утврдување на фактите, а ја отфрла секоја вредност на апстрактната мисловна дејност.
позитивист | м.
Следбеник на позитивизмот.
позитивистички | прид.
Што се однесува на позитивизам и на позитивист.
позиција | ж.
Место на кое се наоѓа некој или нешто; местоположба. Македонија е во централна позиција на Балканот.
позлата | ж.
Тенок слој злато што служи како облога на некои предмети.
позлатен | прид.
Обложен со тенок слој злато. Позлатен часовник. Позлатени обетки.
позлати | св.
Стави позлата на некој предмет. Таа ги позлати обетките. Златарот ги позлати прстените.
познава | несв.
Знае; има знаење, познавање; има сознание за нешто. Тие го познаваат целиот процес на производство. Тој ја познава македонската историја.