поита | св.

Ита, забрза, побрза малку или уште повеќе. Таа поита и ме стигна. Поитајте за да го стигнете возот.

поишари | св.

Ишари малку или уште повеќе; дошари. Таа ги поишари јајцата со различни бои.

покади | св.

Кади со темјан малку или кратко време; закади; кади Попот покади низ куќата, прочита една молитва и си отиде. Таа покади низ собата за да ги избрка лошите сили.

покае се | св.

Признае грешка со жалење; се. Тој стопати се покаја што дојде. Покајте се додека е време!

покаже | св.

Направи да може нешто да се види, изнесе јавно. Таа ги покажа своите најнови фотографии. Тој ја покажа својата збирка марки.

покажувач | м.

а) Лице што покажува. Тој е добар покажувач. б) Нешто со што се потврдува веродостојност. Овие опити се добар покажувач на вистинскта природа на препаратите.

показ | м.

Пример, покажување, демонстрација. Ова беше добар показ за нашата подготвеност. Тие служеа за показ како треба да се брани татковината. Неговиот животен пат е показ за постојано страдање.

показалец | м.

Прстот до палецот. Земаа отпечтоци од палецот и од показалецот. Таа му се закануваше со показалецот.

показалка | ж.

Стапче за покажување. Дрвена показалка. Децата имаа шарени пластични показалки.

показател | м.

Тоа по што може да се добие слика, претстава за нешто, да се суди за понатамошниот развиток и тек. Појавата на оваа книга е добар показател за развитокот на македонската поезија. Релевантен показател. Економски показатели. Статистички показатели. Квантитативни показатели.