показателен | прид.
Што покажува, што дава добра информација, типичен, карактеристичен. Показателен материјал. Показателни податоци. Показателна употреба. Показателни илустрации.
показен | прид.
Што покажува. што служи да покаже нешто. Показен материјал. Показни податоци.
покалуѓери | св.
Направи да стане калуѓер, калуѓерка; закалуѓери. Момчето уште младо го покалуѓерија.
покалфува | несв.
Помине некое време како калфа; Покалфува една година кај слаткарот и си замина.
покана | ж.
а) Повик, молба за присуство, учество во нешто (свеченост, седница, конференција, собир итн.) Од нив имавме отворена покана. Неговата покана за забава никој не ја сфати сериозно. б) Напечатен текст со соодветна содржина со кој се поканува. Поканите беа многу луксузни. Беа отпечатени двесте покани.
поканет | прид.
Оној што е повикан негде, што му е понудено да дојде. Поканетите гости дојдоа сите. Во салата можеа да влезат само поканетите членови.
покани | св.
Испрати, упати некому покана за присуство, учество во нешто. Тие ги поканија сите роднини на свадбата. Ние ги поканивме на прославата сите пензионери.
покапе 1 | св.
Капе некого кратко време; Таа го покапи детето со топла вода.
покапе 2 | св.
Капе (вода, течност) малку или кратко време; капе2 Водата од чешмата покапе уште неколку секудни. Покапаа неколку капки од шишето.
покара | св.
Кара некого малку, кратко време. Таа ги покара децата и ги испрати на спиење.