покова | св.
Кова малку, кратко време; кове, покове.
покове | св.
Кове малку, кратко време;
покоен | прид.
Умрен, починат. Мојот покоен татко. Со мојот покоен маж многу маки видов. Се сети на својата покојна мајка.
поколва | св.
поколве | св.
Колве малку или уште малку. Кокошките поколваа од пченицата.
поколеба | св.
Предизвика колебање кај некого, направи да стане нерешителен. колеба 2. Другарите го поколебаа. Никој не можеше да го поколеба.
поколение | ср.
Генерација, потомство, луѓе речиси на иста возраст со слични сфаќања и што живеат во еден временски период; генерација, колено 7. Младото поколение има поинакви сфаќања. Традицијата се пренесува од поколение на поколение. Секое човечко поколение има своја илузија.
покопа | св.
Копа малку, донекаде или уште малку.
покор | м.
Покорност, покорување. Падна под покор.
покорен 1 | прид.
Потчинет, окупиран. Покорени територии. Покорено население.