покојник | м.
Умрен човек; Покојникот беше многу добар човек. Покојникот го познавала уште на млади години.
покраина | ж.
Област, територија оддалечена од централниот дел; крај, предел, подрачје, краина. Некои наши покраини не се развиени.
покраински | прид.
Што припаѓа, што се однесува на покраина. Покраински комитет. Покраинска организација. Покраинска средба.
покрај | прил.
Отстрана. Се движеше покрај и многу внимателно.
покрај | предл.
Место на одвивање на дејството, положба во непосредна близина на некој предмет или лице. Поминав покрај тебе, а ти не ме виде. Стои покрај ѕидот и ги брои минувачите.
покрека | св.
Крека малку, кратко време.
покрепи | св.
Крепи малку или уште малку.
покрив | м.
а) Горниот дел од куќата што ја заштитува и ја покрива. Лимени покриви. Дрвени покриви. Покрив со ќерамиди. б) Простор за живеење на горниот дел од куќата, под покривот, потпокрив. Тие живеат во покривот. Неколку гарсониери на покривот.
покрива (се) | несв.
покривало | ср.
Некаков вид ткаенина што служи за покривање. Лебот го остави без покривало. Легна да спие без покривало. Имаше само едно изветвено покривало.