полежина | ж.
Полегнато жито од дожд, од силен ветер и сл. Полска полежина. Оваа година по нивите само полежини, а род нема.
полезен | прид.
Што носи некаква полза; Полезна книга. Полезна работа.
полека | прил.
Без брзање, бавно, кроце. Одеше полека. Вежбите ги правеше полека. Тие полека излегуваа од неговата куќа.
полекува | св.
Лекува некого или некоја болест малку, некое време или недоволно. Тој ги полекува додека беше кај нив.
полекум | прил.
полелека | св.
Лелека малку или уште малку;
полелека | св.
Лелека малку, кратко време.
полелеј | м.
полемизира | св. и несв.
Поведе, води полемика. Тие со часови полемизираа. Таа постојано полемизира со некого.
полемика | ж.
Јавна писмена или усна расправа, борба на мислења за определена состојба, појава или проблем од општ интерес во политичкиот, културниот итн. живот на општеството. Кај нас нема полемика, туку премолчено несогласување. Неговиот став предизвика остри полемики. Со часови водеа полемика во врска со прашањето за верата. Тој е автор на неколку полемики поврзани со јазичните прашања.