полог 1 | м.
Јајце оставено на седело за да несе кокошката. Во секое седело оставаше по еден полог.
полог 2 | м.
Дел од ракатки жито при жнеење што се собираат во сноп. Повеќе полози ги врзуваа во сноп. Помладите собираат полози.
Полог | м.
Област во Македонија.
положба | ж.
Место, поставеност на нешто во просторот во однос на нешто друго; местоположба. Македонија има централна положба на Балканот. Топографска положба.
положение | ср.
положба.
положи | св.
Стави, кладе, намести да лежи. Го положија наплеќи.
положит | прид.
Што има благ пад, благ наклон, што се спушта, се крева полека, постепено. Положито место. Положит пат. Положити ритчиња. Положита страна.
полока | св.
Лока малку или уште малку.
полоканик | м.
Сад од половина ока течност. Донесе само еден полоканик ракија. Испивме неколку полоканици вино.
полонеза | ж.
Полски танц.