параван | м.

Подвижна или прицврстена вертикална површина од различен материјал што служи за преградување, издвојување или прикривање на некого или нешто во определен простор. Дрвен параван. Висок параван. Параван на плажа. Параван во соба.

паравоен | прид.

Што не припаѓа на редовната војска, нерегуларен. Паравоена единица. Паравоена организација.

паравојска | ж.

Нерегуларна војска, која ги нема законските, моралните и други норми на државната војска.

Парагвај | м.

Држава во Јужна Америка.

параглајдер | м.

Летало во триаголна форма што служи за спуштање од височина и што овозможува лебдење на летачот во воздухот.

параглајдерист | м.

Тој што лета со параглајдер.

параглајдерство | ср.

Спортување со параглајдери.

парагон | м.

Образец, тип.

параграф | м.

Дел од текст со нов, вовлечен ред (обично во правилник, закон и сл.) со кој започнува нов став со самостојно значење; пасус, алинеја. Вториот параграф претставува краток осврт на творештвото на авторот. Параграф од кривичниот законик.