папуџија | м.

Тој што изработува или што продава папучи.

папче | ср.

пар | м.

Два предмета што се користат истовремено, имаат иста функција, или пак се сметаат за цело; рало, чифт. Пар волнени чорапи. Два пара црни чевли.

пара 1 | ж.

Гасовита состојба на течноста што се добива при загревање, при испарување; Пара од вода.

пара 2 | ж.

Монета. Метална пара. Сребрена пара. Глава на парата.

пара | несв.

Прави нешто што е сошиено, везено, плетено да биде рашиено, развезено, расплетено. Пара конец.

пара- | претс.

Како прв дел од сложенки кој означува дека е нешто слично на нешто, дека се јавува покрај, надвор од постојното, редовното, регуларното, обично како спротивно, неприфатливо, погрешно, како заблуда, на пр. паравојска, парапсихологија.

парабел | м.

Вид автоматски пиштол со повеќе куршуми

парабола | ж.

(лит.) Кратка измислена и алегорична творба во стих или проза со морално-поучна или религиозна содржина. Библиска парабола.

параболичен | прид.

Што се однесува на парабола, што содржи парабола. Параболична случка. Параболичен роман.