парада | ж.

а) Свечена војничка смотра. б) Свечена поворка на спортски, синдикални и други организации. Првомајска парада. в) Голема, раскошна приредба, прослава, свеченост. Фестивалот претставуваше вистинска парада на џезот.

параден | прид.

Што се однесува на парада, што е наменет за парада, што учествува во парада. Параден марш. Парадна униформа. Парадни групи.

парадентоза | ж.

Хронично воспаление на забното непце што обично доведува до испаѓање на забите.

парадентозен | прид.

Што е предизвикан од парадентоза. Парадентозен процес.

парадигма | ж.

(грам.) Образец за промената (формите) на зборовите (именки, придавки, глаголи и др.). Глаголска парадигма.

парадира | несв.

Учествува во парада; оди со параден чекор, маршира.

парадокс | м.

Мислење што изгледа спротивно на општо усвоеното, што изгледа бесмислено, нелогично и што навидум не содржи вистина; бесмислица, апсурд.

парадоксален | прид.

Што е заснован врз парадокс, што изгледа неверојатен, необичен; бесмислен. Парадоксален заклучок. Парадоксална состојба.

парадржавен | прид.

Што постои покрај тоа што е државно. Парадржавна власт. Парадржавна војска.

паразит | м.

(мед.) Животински или растителен организам кој живее на или во повисок организам и се храни од него. Кожни и внатрешни паразити. Тој начин на дезинфекција на почвата ги уништува сите паразити. Штетни инсекти и паразити.