помине | св.

Мине низ нешто, покрај нешто или покрај некого. Помина по мостот. Трамвајот полека го помина плоштадот и продолжи накај пазарот. Помина покрај мене еден чуден човек.

поминувач | м.

Тој што поминува некаде; минувач.

поминувачка | ж.

Нека има поминувачка.

помиреност | ж.

смиреност.

помири | св.

Направи мир, мирба меѓу скарани, смири. Соседите ги помирија двете сестри. Адвокатот ги помири скараните брачни другари.

помириса | св.

Мирисне. Ги помириса прекрасните нарциси. Тој само го помириса јадењето и го остави. Тој внимателно ја крена чашата со вино, ја помириса и отпи малку.

помирлив | прид.

Што се помирува со сè. Помирлив човек.

помирувач | м.

Тој што врши помирување на две скарани страни.

помирувачки | прил.

На помирлив начин. Помирувачки климна со главата.