помери се | св.

Се мрдне од умот, полуди. По сите настани што ѝ минаа преку глава, кутрата се помери.

поместен | прид.

Што се поместил од умот, што е померен, полуден. Старата пискаше како поместена.

помести | св.

Премести нешто од едно место на друго. Масата ја поместивме поблиску до ѕидот. Таа бесцелно ја поместуваше раката по масата и јас забележав на неа лек трепет.

пометне | св.

Изврши абортус, абортира. Невестата пометнала од страв.

помеша | св.

Меша малку, кратко време.

помешечки | прил.

Прави нешто лежејќи свртен на мев, на стомак. Легнат помешечки читаше. Војниците лазеа помешечки.

помеѓу | предл.

Пространствено значење ‒ место во средина, во внатрешноста, што разделува две или повеќе нешта. Се наоѓа помеѓу крајната точка на фронтот и центарот.

помилува 1 | св.

Милува малку, кратко време. Го помилува детето по обравчињата.

помилува 2 | св.

Прости или намали казна на осуден. Претседателот на државата со указ помилува десет затвореници.

помин | м.

Заеднички живот со некого. Каков помин имате во бракот?