паразитизам | м.

Во биологијата ‒ појава на заедничко живеење на паразитот со друг организам.

паразитолог | м.

Специјалист по паразитологија.

паразитологија | ж.

Научна област што ги проучува појавата, ширењето и лекувањето на паразитските болести.

паразитолошки | прид.

Што се однесува на паразитолог и на паразитологија.

паразитски | прид.

Што се однесува на паразит Паразитска габа. Паразитски болести.

параклис | м.

Мала црква или капела во која не се одржува богослужба.

паралакса | ж.

<ASTRO> Агол на привидната промена на местото на едно небесно тело поради промената на местото од кое се набљудува.

паралела | ж.

(мат.) Линија или рамнина во вертикален или хоризонтален правец, којашто по сета должина е еднакво оддалечена од друга линија или рамнина и не се сече.

паралелен | прид.

За линија или рамнина ‒ што се наоѓа на еднакво меѓусебно растојание по целата должина; напореден.