помпезен | прид.

Раскошен, сјаен, екстравагантен. Празникот се славеше премногу помпезно.

помрачи | св.

Направи да биде мрачен, затемни. Пепелот од вулканот го помрачи сонцето. Тогаш облаците го помрачиле небото.

помрдне | св.

Мрдне малку од местото за извесно растојание. Го помрднавме креветот поблиску до прозорецот.

помфрит | м.

Пржени компири исечени како стапчиња.

понабабри | св.

Набабри уште малку, донекаде. Утредента едното око му понабабри.

понабели | св.

Набели уште малку. Таа брзо го понабели лицето и влезе во собата.

понабие | св.

Набие, натапка земја и сл.; поднабие. Ја понаби земјата околу стеблото.

понабира | несв.

понаближи | св.

Наближи малку, уште малку; Буткајќи се меѓу луѓето понаближија до манастирската врата.