понижувачки | прид.

Што понижува, навредува; навредлив. Понижувачки однос. Понижувачки поглед. Понижувачки зборови.

понизен | прид.

Што е покорен, ропски послушен. Тој е слаб човек што се топи од понизна услужност под погледот на старешината.

понизност | ж.

Особина на тој што е понизен, покорен.

пониклен | прид.

Што е обложен со никел; пониклуван.

поникне 1 | св.

Никне, изникне насекаде (трева, растенија). Бујна, зелена трева беше поникнала. Фатија пролетни дождови и компирите поникнаа.

поникне 2 | св.

Спушти, наведне глава; ведне очи, поглед. Не можам да погледнам во неа, да не поникнам.

понира | несв.

За вода, за река понорница – влегува вземи и се губи. Во тоа поле извира, низ него протекува и за некој километар понатаму од изворот понира рекичката Врело.

пониша | св.

Ниша, клати, лула малку, кусо време.