поништи | св.

Направи, прогласи за неважечко; анулира. Тој предложи да му се поништи казната. Овој договор треба да се поништи.

понор | м.

а) Место каде што водата понира под земјата. б) Голема длабочина со стрмни, вертикални страни; бездна.

понорен | прид.

Што се однесува на понор. Понорна вода.

понорница | ж.

Река во карстни, карпести предели што понира под земјата, тече под неа и повторно избива на површината.

понорничен | прид.

Што припаѓа, што се однесува на понорница; што е како понорница. Понорничен татнеж.

поносечки | прил.

На нос. Падна поносечки.

поноси | св.

Носи на себе облека, алишта извесен период. Палтото може да го поноси уште оваа есен.

понтон | м.

Привремен, подвижен мост што се поставува врз чунови, чамци.

понтонер | м.

Војник што служи во единица за правење понтони.

понуда 1 | ж.

Изјава со која се изразува подготвеност за соработка, за помош, желба за брак и сл. Тој ја прифати понудата на луѓето да го сместат во некоја куќа. Иако не беше јал, тој ја одби неговата понуда, со изговор дека не е гладен. Таа имала многу примамливи понуди, но секогаш ги одбивала желбите на момчето што ја сака.