попрпела | св.

Прпела малку, некое време нешто по песок, по земја и сл.

попрпори | св.

Прпори, прпоти малку, некое време. Ветрот дувна и лисјата попрпорат.

попрска | св.

Прска малку со вода, течност нешто одозгора. Таа го попрска дворот со цревото.

попрсоли | св.

За снег – прсоли, паѓа со слаб интензитет. Снегот чини попрсоли и престани.

попруса | св.

Пруса, се движи со ситни чекори, оди ситно-ситно. Таа попруса по него.

попрчи се | св.

Се прчи, се прави важен, се фали малку, некое време. Излезе да се попрчи со новиот велосипед.

попски | прид.

Што му припаѓа на поп; попов, поповски. Попски син.

попство | ср.

Поповска служба.