попува | несв.
Врши свештеничка должност; поп. Тој попуваше во нивните села.
попувачка | ж.
Попување.
попука | св.
Пука малку, некое време. Попукаа пушки и потоа сѐ стивна.
популарен | прид.
Што е лесно разбирлив, што е едноставен по својата содржина. Таа се наоѓа не ретко и во популарните јазични рубрики на печатот. Популарен јазичен стил.
популаризатор | м.
Тој што популаризира. Тој претставува значаен популаризатор на македонското музичко творештво.
популаризација | ж.
Излагање во популарна форма; популаризирање. Популаризација на науката.
популаризира | св. и несв.
Изложи, излага во популарна форма. Во тој период се јавуваат книги што ги популаризираат научните вистини.
популациски | прид.
Што се однесува на популација. Популациски проблеми. Популациски односи.
популација | ж.
Население, социјален слој, група луѓе како предмет на демографско и други проучувања. Една табла крај патот ја покажува популацијата на селаните. Анкетното испитување ја опфаќа младата популација.
попули се | св.
Гледа, набљудува малку, некое време некого или нешто. Се попули, попули, и си замина.